Македонија

СДСМ избра ново раководство

ечерва, по седницата на Централниот одбор на партијата, лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски на прес конференција ги објави новите именувани потпретседатели на партијата.

  • Перо Костадинов
  • Стефан Богоев
  • Фатмир Битиќи
  • Бисера Костадиновска Стојчевска

Тој посочи дека за генерален секретар на партијата е именуван Миле Зечевиќ.

Ковачевски ги објави и имињата во Извршниот одбор на СДСМ.

-Нови членови се Ана Данева-Маркова, Мишко Ралев, Нина Фити-Неделковска, Снежана Захариева, Даниелка Колева, Милена Стевановиќ, Рената Јајоска, Костадин Костадинов, Милена Серафимовска, Петре Шилегов, Дритан Исмаили, Тања Томиќ, Дарко Каевски, Андреј Петров, Костадин Ацевски, информира Ковачевски и додаде дека директорката на УЈП, Сања Лукаревска ќе ја задржи досегашната функција во партијата.

Тој најави формирање советодавно тело, Совет за креирање и имплементирање политики, за да ги надгледува проектите на партијата, чиј претседател треба да биде Игор Ивановски.

Ковачевски, на прес-конференцијата најави дека новата влада ќе биде изгласана во средината на јануари, најдоцна до 18 јануари 2022 година. Рече дека новата влада ќе биде ориентирана на економијата, заштитата на здравјето…

Ковачевски изрази благодарност за досегашната работа на сите кои биле дел од партијата и изрази надеж тие ќе бидат дел и од неа во иднина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни