Официјалната Фејсбук страница на СДСМ Куманово нема ниту една нова објава од денот на првиот круг на локалните избори.
Како што може да се види од приложената слика, последната објава на страницата, која има 9,9 илјади следбеници, датира од 19 октомври во 10:45 часот.
Последната активност бил повик за излезност на гласачите: „Излези и гласај за промената за број 5!“.
Оттогаш, страницата е целосно тивка. Нема никаква објава, анализа или коментар ниту за резултатите од првиот круг, ниту за вториот круг од изборите, кој се одржа на 2 ноември.
Овој молк доаѓа по локалните избори на кои СДСМ во Куманово не успеа да влезе во вториот круг, а победата во градот ја однесе досегашниот градоначалник Максим Димитриевски од движењето ЗНАМ.