СДСМ најостро ги осудува провокациите и најавите за панихиди за Мара Бунева

Од СДСМ најостро ги осудуваат провокациите и најавите за панихиди за Мара Бунева од страна на претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов.

„Најавите за панихиди за Мара Бунева во земјава СДСМ ги смета за провокација којашто најостро ја осудуваме. Очекуваме институциите на државата да не дозволат било какви испади или навреди на достоинството и националните чувства на македонскиот народ, ниту пак да дозволат злоупотреба на овие настани за нови тензии“, велат од таму.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното