„Очајот и безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ, истите оние кои оставија многу нерешени проблеми во земјоделието и немаат што да им понудат на земјоделците, на граѓаните, кулминираше денеска со партискиот протест пред Владата.
На наводниот „протест“ на земјоделците, освен партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ речиси изостанаа вистинските земјоделци.
Протестот на членови на ВМРО-ДПМНЕ кои глумеа незадоволни земјоделци е лажен исто како што е лажно се во оваа безидејна партија посветена единствено на обнова на режимот.
Вистинските земјоделци немаат причина да протеститраат, затоа што досегашното искуство го потврдува партнерскиот однос и грижа на Владата предводена од СДСМ. Од друга страна гледаме дека продолжува потценувачкиот и манипулативен однос на ВМРО-ДПМНЕ со години наназад.
За само две и пол години СДСМ и Владата која ја предводи, покрај што ги исплати наследените заостанати долгови кон земјоделците, паралелно се работеше и се реализираа бројни проекти преку кои парите се враќаат назад кај земјоделците, трошоците се намалуваат, субвенциите навремено и неселективно се исплаќаат ,а со тоа расте животниот стандард на земјоделецот“, велат од СДСМ.