СДСМ оди на избори на 16 март – ќе бираат нов претседател!

Во СДСМ се водат два паралелни внатрепартиски процеси, истакна денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Според него, првиот е избор на претседател на партијата.

„Мојот мандат завршува на 21 март, и изборите веќе се закажани да бидат на 16 март. Паралелно на тоа, новите раководства во општинските организации работат на идентификување на имиња внатрепартиски, партиските членови меѓутоа може и други наши потенцијални коалициони кандидати од други партии, независни листи или граѓански организации со кои би разговарале да се поддржиме коалициски“, вели Филипче.

Тој додава дека се очекува овој процес да заврши кон крајот на март за да најкасно во првата половина од април да ги имаат резултатите.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното