СДСМ: Пуцко Петрол бил омилен снабдувач на општините кои ги води ВМРО-ДПМНЕ

Пуцко Петрол бил омилен снабдувач на општините кои ги води ДПМНЕ и тоа подолг период, години наназад, велат од СДСМ.

„Само со три договори склучени со општина Битола, каде градоначалник  е Коњановски од ДПМНЕ, речиси 240.000 евра завршиле кај оваа компанија.

Ова се само 3 од над 170 договори за тендери кои општини и институции раководени од ДПМНЕ ги имаат склучено со Пуцко Петрол.

Јавноста знае дека тоа е бизнис изроден во времето кога ДПМНЕ и ДУИ беа коалиција. 

ДПМНЕ и Мицкоски треба да излезат пред граѓаните и да одговорат колку милиони народни пари преку општините, министерствата и други институции кои тие ги раководат завршиле кај Пуцко Петрол?“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното