СДСМ: „Safe City“ се претвори во „unsafe“ 

Граѓаните добиваат лажни пораки од „Safe City“ со измами и фишинг линкови. Се шири нова голема измама преку системот што владата го промовираше како „безбеден“, велат од СДСМ во соопштение до јавноста.

„Ако не можат да ги заштитат податоците и системот од надворешни напади и измами, тогаш е сосема јасно зошто СДСМ се спротивставуваше на воведувањето на „Safe City“.

Се вчитува...

Ова е најдобриот доказ дека системот може лесно да се злоупотребува, вклучително и за политички цели. 

Ако не можат да го заштитат од обични измами, замислете што можат да направат кога сакаат да го користат против политички противници, опозиција или несогласни граѓани.

Затоа и ја укинаа техничката влада со брзина на светлина.

Техничката влада беше последната брана која овозможуваше контрола и увид во работата на министерствата. 

Со нејзиното укинување, Мицкоски и ВМРО-ОКГ сакаат несметано да го користат целиот систем – без опозицијата да може да влезе во министерствата и да види какви малверзации, тендери и злоупотреби се прават со парите на граѓаните.

Ова не е случајност туку план.

„Safe City“  од проект за безбедност на граѓаните ВМРО-ОКГ го претвора во проект за контрола на граѓаните.

СДСМ предупредуваше од самиот почеток. Без закон за контрола на податоците, „Safe City“ не служи за безбедност на граѓаните, туку за партиска контрола и следење на опозицијата.

Денеска граѓаните го гледаат на дело.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!“ – се вели во соопштението на СДСМ.