СДСМ: Цели 20 дена Тошковски не знае каде е Груби, дебакл на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ реагира на обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја префрли одговорноста за бегството на Артан Груби, оценувајќи ги како неуспешни и неодржливи.

„Фактите се јасни: Тошковски дозволи Груби да избега, а сега, цели 20 дена подоцна, не знае каде се наоѓа“, стои во соопштението од СДСМ.

Партијата потсетува на серијата сомнителни пропусти, како нефункционирањето на камерите, неподготвеноста на полицајците да го проверуваат Груби и грешките на службениците на границата, кои, како што велат, се дел од кадровската структура на Тошковски.

„Границата со Косово стана канал за бегство на криминалци – Блерим Рамадани избега, Гаши безбедно се шеташе, а сега исчезна и Груби. Јавноста има право да знае кој е политичкиот договор и која е цената за овој скандал“, додава СДСМ.

Партијата ја повика власта и ВМРО-ДПМНЕ да преземат одговорност за пропустите и да ги објаснат околностите кои доведоа до бегството на Груби.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното