Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ фатени со рацете во медот, за лични интереси загрозуваат важен проект – ВМРО-ДПМНЕ: По тајните средби, СДС на Арсовска и плати билборди против ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ фатени со рацете во медот, за лични интереси загрозуваат важен проект – ВМРО-ДПМНЕ: По тајните средби, СДС на Арсовска и плати билборди против ВМРО-ДПМНЕ

Од СДСМ денеска преку соопштение велат дека ВМРО-ДПМНЕ самите се фатиле со рацете во медот.

„Се искараа меѓусебе за пари, бизнис интереси и тендер од 136 милиони евра. Ова го потврди вистинското, криминално лице на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ заради бизнис интереси и пари го загрозува проектот за пречистителна станца во Скопје и предизивкуваат  дирекнта штета на граѓаните и на градот Скопје“, посочуваат од СДСМ.

Според партијата, кавгите, за лични интереси се закуваат да го блокираат тендерот од 136 милиони евра наменет за пречистителна станица, и го доведуваат под прашање овој капитален проект, важен за граѓаните, финансиран од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој.

„Додека тие се караат, Скопје цела година стагнира. Граѓаните не ги интересираат односите на Арсовска и Мицкоски, дали им се нарушени, дали со тоа кријат нешто друго или не. Скопјани очекуваат развој на градот, реализација на ветените проекти кои никаде ги нема“, додаваат од СДСМ.

Со реакција се јавија и од ВМРО-ДПМНЕ од каде обвинуваат дека по тајните средби со Ковачевски, СДСМ на градоначалничката Данела Арсовска и платило билборди против ВМРО-ДПМНЕ, и одбило да и побара оставка.

„Повеќе од јасно е дека основан е сомнежот дека СДС ја „црпна“ Арсовска и ја уцени со кривични пријави за одработува за нивните манипулации и политики.  И медиумите и пошироката јавност говори за тајни средби на кои е договорено Арсовска да одработува за СДС. Се говори за готова кривична пријава која седи во фиока за запалено возило на извршната директорка на стопанските комори, како и премолчување на сознанија со која Арсовска се компромитира за пречистителната станица“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.  

Тие додаваат дека по таквите тајни средби Данела Арсовска е на чело на клептоманската ново формирана коалиција каде ссе обединети иценети политичари кои мора да одработуваат за СДС.

„Главната задача на Арсовска е да работи за скопјани, каде граѓаните очекуваат проекти и работа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни