Екс специјалната обвинителка катица Јанева во време на СЈО, освен редовната плата, примила и бонус до 157 илјади евра. Според пресметките врз основа на “Отворени финансии“, вкупната сума на бонуси за обвинителите на СЈО надминува 700 илјади евра. Другите обвинители земале од 70 до 100 илјади евра. Бонусите се давани за доверливост, за да не се откријат прислушуваните разговори за бомбите. Од ЦИВИЛ велат дека ќе покренат иницијатива за враќање на бонусите и додаваат дека таква сума за бонуси не е доделена во последниве две децении и дека со овие бонуси се достигнува врвот на корупцијата. Павле Трајанов како екс министер за внатрешни работи рече дека сите обвинители треба да дадат оставка и да се направи ревизија на работата на СЈО. ОЈО синоќа извести дека ќе ги разгледа сите околности и факти за исплатата на бонусите и доколку се утврди дека постои сомнение за кривично дело, ќе се постапува согласно законот.