Се мажи Тања Савиќ: Пејачката и пилотот веќе ја закажаа венчавката

Пејачката Тања Савиќ ужива во љубовта со 11 години помладиот пилот Мухамед Бешиќ, а судејќи по објавите на социјалните мрежи, сега отидоа чекор понатаму.

Имено, двајцата се свршиле, а изгледа закажале и свадба, како што пренесува Блиц.

„Тања, многу ти е убав тој прстен“, рекол пријателот на пејачката додека ја снимал.

„Дали сјае?“, праша таа

„Ауу, сјае како Лас Вегас. Од кого го добивте тоа? Да, тука е овој господин. Па, ајде да наздравиме пошто ја закажавме свадбата. Засега нема да го откриеме датумот. На здравје“, одговори тој.

Да потсетиме, медиумите пишуваа дека родителите на Тања Савиќ не ја прифаќаат оваа врска. Проблемот за нив е што Мухамед е од друга религија, како и тоа што е 11 години помлад од нивната ќерка.