Се обиделе да ја киднапираат сопругата на познат тенисер – таа се отвори и призна се

Морган Ридл, американска инфлуенсерка и девојка на Тејлор Фриц, минатата година поминала низ вистински пекол во Акапулко, а сега се отвори за тоа.

Како што истакна Морган, двајца мажи се обиделе да ја киднапираат за време на турнир во Акапулко, Мексико.

Таа наводно била бркана по плажата од двајца мажи и морала да вреска и да трча по чуварите да и помогнат.

„На турнирот ни рекоа да не излегуваме сами, но јас сакав да го сликам зајдисонцето, па ова е делумно и моја вина“, објави таа на својот Инстаграм профил.

Морган Ридл стана исклучително популарна на АТП турнејата затоа што објавува видеа кои го прикажуваат животот на тенисерот од прво лице.

Таа е со Фриц на секој турнир, а своето влијание како инфлуенсер го проширила и на тенисот.

Перт, Хонг Конг, Сиднеј, Лос Анџелес, Париз неколку пати, Рим, Акапулко, Монако, Мајами, Индијан Велс…

Сите овие локации беа „означени“ од неа и Фриц во претходната година, што не е невообичаено за многу врвни тенисери.

Има голем број фанови и користи бројни социјални мрежи, а заедно со Фриц формираат еден од најпопуларните парови на АТП турнејата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното