Македонија

Се очекува да бидат отпуштени уште тројца од настраданите во сообраќајката на автопатот Струма

Повредените граѓани од Македонија, сместени на лекување во болницата „Пирогов“ во Бугарија по несреќата на автопатот „Струма“, се очекува денеска да бидат отпуштени.

Во саботата двајца од настраданите беа отпуштени, а според македонските власти уште тројца денеска со возило на Брза помош ќе бидат пренесени во Скопје каде ќе бидат сместени во медицински установи и ќе добијат лекарска и психолошка помош.

Пирогов најави дека состојбата на сите е стабилна и дека постојано се прегледуваат. Сите тие треба да се отпуштаат етапно оваа недела.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни