Се одвои на два дела пристаниште во Закинтос по земјотресот (ФОТО)

Утринава се гледаат штетите после силниот земјотрес кој се случи 30 минути после полноќ јужно од островот Закинтос во Јонското Море во Грција. Земјотресот бил со јачина од 6.8 степени според Рихтер, а бил почувствуван и во јужна Италија, во делови од Македонија и Албанија.

Најголеми штети претрпе едно од пристаништата во Закинтос каде што земјата се одвои на два дела.

Засега нема информации за жртви, причинета е само материјална штета. Некои жители на островот ноќта ја минале под отворено небо.