Американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џеј-Ди Венс секогаш ќе се залагаат за интересите на американскиот народ и никогаш нема да дозволат да се искористи американскиот народ, беше објавено на веб-страницата на Белата куќа по средбата на Трамп со украинскиот лидер Володимир Зеленски.
„Претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс секогаш ќе застанат во одбрана на американскиот народ и оние кои го почитуваат местото на Соединетите држави во светот и никогаш нема да дозволат американскиот народ да биде експлоатиран“, се вели во соопштението.
Се потсетува и дека на средбата Зеленски признал дека ситуацијата во Украина може да доведе до „трета светска војна“, која би ја загубила без помошта на САД.
„Третата светска војна би можела да започне во Украина, да продолжи во Израел и оттаму да се пресели во Азија, а потоа да експлодира на друго место“, рече Зеленски, се додава во соопштението.
Во соопштението се наведува и дека повеќе од половина (52 отсто) од Украинците сакаат брз крај на војната и веруваат дека Украина „треба да биде отворена за отстапување на некоја територија во замена за мир“, според анкетата на Галуп во ноември.
Исто така, се додава дека од прогласувањето на вонредната состојба во Украина, 1.000.050 Украинци се повикани на воена служба. Во октомври 2024 година, Украина објави дека ќе регрутира уште 160.000, со што вкупниот број на регрутирани Украинци се искачи на 1.160.050. Просечната возраст на украинските војници е 43 години, забележува Белата куќа.
Во соопштението се цитира и еден од блиските соработници на Зеленски, Сајмон Шустер, кој во 2023 година за американскиот магазин Тајм изјавил дека украинскиот лидер се залажува себеси.
На средбата во Овалната соба на Белата куќа дошло до вербален конфликт меѓу американскиот и украинскиот претседател. Трамп го обвини Зеленски за непочитување на Соединетите Американски Држави.
Според него, украинскиот лидер „се коцка со Третата светска војна“ и со животите на милиони луѓе. Зеленски ја напушти Белата куќа порано од планираното.