Со потресна објава на социјалните мрежи се огласи и доскорешниот менаџер на групата ДНК, Денис Даутоглу.
Тој вели дека срцето му се корнело, а душата не останала.
„Андрејчо мој, постар брат, татко. Никогаш нема да стигнам да ти се заблагодарам за сите животни совети кои што ми ги даваше после секој наш настап, после секое враќање дома, за секое пиво испиено (знам дека ти беше омилено). Душа од човек, на крај остана храбар, ја даде душата за секој еден кој гледаше да го спасиш, срце, планина.
Фиц, ах бе Фиц, не се договоривме вака кога се слушнавме пред некој ден. Беше људина, душа даваше за секој еден од бендот. Ти си замина но тоа што го остави за музиката, за луѓето околу тебе ќе се памети вечно. Спиј мирно брат мој, стави го Џејмисонот да се лади, ќе џапнеме по една кога ќе се сретнеме.
Сарке моја, вчера се слушнавме. Ми рече: ,, Другарче..да ти се множат годините, во добро здравје, во друштво на убави луѓе…Посакувам да си почитуван, среќен, да љубиш и љубен да си!
Од срце – среќен роденден!’’.
Ти реков: “Фала ти премногу Сарке, да си ми жива и здрава, само убавини да ти се враќаат! Фала ти за секое поминато време, ми фали. Се гледаме во подобри времиња!’’ – ама не се договоривме за вакви. Фала ти за сета љубов и мајчински совет.
Буцика бе, мал милион патувања и настапи истеравме заедно. Ќе ми фали секој момент со тебе, секоја шега на твоја сметка, секое видео снимено на кое се смееме до ден денес. Патувај мирно брат мој, ги чувам сите видеа за кога ќе се сретнеме да се присеќаме и смееме на нив.
Корупцијата ми ја зема фамилијата, ни еден дел веќе не остана во мене. Срцето, парчиња. Летајте мирно фамилијо“, вели Даутоглу.