Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Македонија

Се огласи премиерот Димитар Ковачевски по однос на францускиот предлог

Се огласи премиерот Димитар Ковачевски по однос на францускиот предлог

Во однос на францускиот предлог конечно став и од премиерот Димитар Ковечвки тој на друштвените мрежи напиша:

Во врска со јавната дискусија околу францускиот предлог, би сакал уште еднаш да потврдам дека Владата на Република Северна Македонија формално нема добиено предлог кој е усогласен на ниво на сите 27 земји членки. Каков и да биде конечниот усогласен текст на францускиот предлог, посочувам дека, за истиот да биде прифатлив за нас, клучни се следниве елементи:

  • Чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет;
  • Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка;
  • Преговорите помеѓу Северна Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот
  • Цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол кој сѐ уште не е усогласен со Бугарија;
  • Секое решение ќе треба да е консултирано со институциите на Република Северна Македонија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни