Се огласи Врчак: „Последната песна со Андреј ДНК ја снимавме неколку дена пред да загине…“

По трагедијата во Кочани, денеска се огласи пејачот и продуцент Раде Врчаковски попознат како Врчак.

Тој вели дека последната песна со починатиот Андреј од групата ДНК ја снимиле само неколку дена пред истиот да почине, а сега ја пуштил да ја слушне повторно.

„Последната песна со Андреј… Јас до вечерва неможев да слушам музика, неможев ни на facebook да гледам ништо… Уште неможам, уште закрепнувам ама пред малку ја пуштив да ја слушнам последната песна со Андреј што ја снимавме неколку дена пред да загине – кога му го слушнав гласот ме врати во живот цела љубов и позитивна енергија на Андреј ми се врати во душата, а цела тага ми се претвори во уште поголема љубов“, пишува Врчак.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното