Се огласи Врчак: Во душата ми е Андреј, Андреј секогаш ќе е жив во нас!

Раперот и текстописец Раде Врчаковски – Врчак кој беше близок соработник со дуото ДНК се огласи на својот фејсбук профил.

Тој во објавата напиша дека „во душата му е Андреј, и дека Андреј секогаш ќе е жив во нас“.

„Јас и Андреј (на првиот мој настап 2025). Да е вечен низ бесконечноста Андреј…. Андреј и Панчо постојано ме молеа да почнам да правам настапи затоа што велат DNK кога имале настапи сите луѓе цело време ме барале – дури и со солзи и плачења, јас им велев да завршам со се за во Америка и може нешто да направиме. Неможев да го одбијам Владимир и настапив на неговиот роденден лани со DNK во Охрид, неможев да ги одбијам и за новогодишната прослава, и неможев како другар да ги одбијам за затварање на Станица 26 каде Панчо работел (велам не ме ставајте во реклама да не случајно стане ептен хаос и доаѓам)… тоа беа моите последни настапи со Aнедеј. Во душата ми е Андреј, Андреј секогаш ќе е жив во нас…“, вели Врчак во својата објава.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното