Се огласија од ФК Шкупи: Фудбалерот Андреј Лазаров надвор од животна опасност

По страшната несреќа во Кочани која ја потресе цела Македонија, се трагаше и по фудбалер кој бил во дискотеката за време на настанот.

Сепак тој е пронајден во болницата во Штип и поминал само со повреди.

Се работи за Андреј Лазаров, за кој неговиот тим ФК Шкупи се огласи на социјалните мрежи.

„Најпрво сакаме да ве информираме дека нашиот фудбалер Андреј Лазаров е надвор од животна опасност, иако се наоѓа на интензивна нега, откако се здобил со изгореници на делови од телото во пожарот и големата трагедија во Кочани. Оваа информација ја потврдивме откако разговаравме со членови на неговото семејство и роднините. На Андреј му посакуваме брзо закрепнување и враќање во нашиот тим.

Во овој тежок момент изразуваме најискрено сочувство за сите 51 животи загубени во оваа трагедија. Нашите мисли се со семејствата на жртвите на целата наша земја“, стои во реакцијата на ФК Шкупи.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното