Забава

Антониа Гиговска е бремена – в тавче рипнаа и Даниел Кајмакоски и Виктор Апостоловски

Антониа Гиговска е бремена – в тавче рипнаа и Даниел Кајмакоски и Виктор Апостоловски

Македонскиот победник на Икс-Фактор и наш поранешен евровизиски претставник, Даниел Кајмакоски на својот Инстаграм профил сподели дека се оженил со својата нова партнерка.

Засега не е познато која е саканата на Кајмакоски.

Инаку, откако во 2019 година пејачот се разведе од Кристина Димитриеска, тој се пресели во Србија, а неговиот приватен и љубовен живот беше во тајност.

Се ожени и македонскиот пејач, автор и музичар Виктор Апостоловски, кој вчера пријатно ги изненади фановите.

Тој на својот Фејсбук профил сподели видео на кое ја побара за жена својата сакана и тоа во Истанбул.

А пак македонската пејачка Антониа Гиговска на својот 22 роденден вчера објави уште една среќна вест.

Таа откри дека е бремена, но и верена.

„Долго време молчевме, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас. Малечко мое! Отсега, секој мој роденден ќе го славиме заедно. Нека ми е среќен роденденот, погодете кој ќе стане мајка. Инаку, прстенот го бирал сам, умирам од среќа.. Си славам роденден, бебе, прстен, се’..“, ја завршува Гиговска објавата на Инстаграм.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни