СЕ ПЛАШEВ ДЕКА ЌЕ ЗАВРШAT ВО МОЈАТА ЧИНИЈА: Конечно е објаснета приказната зад ПОЗНАТАТА ФОТОГРАФИЈА на Софија Лорен и Џејн Менсфилд!

Култната фотографија на Софија Лорен, која изгледа дека и завидува на Џејн Менсфилд со завoдливите гради, е направена далечната 1957 година. Сепак, вистинската приказна зад оваа фотографија е многу поинаква!

Софија Лорен беше само ѕвезда во подем во 1957 година, а сето тоа кулминираше кога во 1955 година беше прогласена за најфотографирана актерка на Канскиот филмски фестивал.

Две години подоцна во Беверли Хилс се одржа забава со која Софија конечно и официјално беше примена во гламурозниот Холивуд. Се чинеше дека се беше совршено, а потоа Џејн Менсфилд упадна во кадар и ја турна Софија од преден план!

Тогаш е направена култната фотографија на која се гледа љубомората на најубавата жена на светот, а што вели Софија, какви емоции имало во играта кога кликналa камерата?

https://www.pinterest.com/pin/665406913675423555/
  • „Парамаунт“ таа вечер организираше забава во моја чест. Сите големи актерски имиња беа таму, беше неверојатно. И последнa што се појави е Џејн Менсфилд. Знаеше дека сите очи беа вперени во неа. Таа дојде директно до мојата маса. И тогаш таа седна. Сега, погледни ја самата фотографија, па кажи ми каде ми отиде погледот? Точно, на нејзините брадавици, но само затоа што се плашев дека ќе ми завршат на чинија! На моето лице се гледа страв! Се плашам дека се во нејзиниот фустан ќе експлодира и ќе заврши на масата – објаснила некогаш познатата Софија Лорен.

Како што подоцна додаде, иако подоцна се направени неколку фотографии на кои изгледа дека двете диви се забавуваат, Софија, како што тврди таа, цело време размислувала за провокативниот фустан на Џејн Менсфилд.

https://www.pinterest.com/pin/186195765833668061/
  • Има повеќе фотографии, но само оваа објаснува што навистина се случило во тие моменти. Многупати кога ми бараа автограм, бараа да се потпишам на таа фотографија. Отсекогаш сум одбивалa, и секогаш ќе одбивам. Не сакам да имам никаква врска со тоа. Исто така, одбивам од почит кон Џејн, која повеќе не е со нас – заклучила Софија Лорен.

Фустанот на Џејн Менсфилд од 1957 година е на листата „Најскандалозни фустани“ на Харперс Базар.

https://www.pinterest.com/pin/95068242124913133/

Џејн Менсфилд, која прерано почина на 34-годишна возраст, покрај статусот на секс симбол од педесеттите и почетокот на шеесетите, имаше и неколку успешни филмови и наградата Златен глобус за глума.

Познатата и сакана русокоса загина во сообраќајна несреќа на пат кон Њу Орлеанс. Нејзиниот адвокат и пријател Сем Броди и возачот Рони Харисон ги загубија животите додека децата Миклош, Золтан и Мариска починаа со полесни повреди.