Се појави стар скеч: „Меркел“ му рекла на Зеленски дека влегува во ЕУ, па сфатила дека се зафркнала

Видео во кое украинскиот претседател Володимир Зеленски разговара за влезот на Украина во Европската унија со измислената Ангела Меркел повторно се појави откако украинскиот лидер повика на итен пристап на неговата земја во ЕУ.

Станува збор за извадок од серијата Слуга на народот, снимена во 2017 година, во која Зеленски очигледно и се јавува на Ангела Меркел за да му честита за влезот во Унијата.

„Честитки, решивме да ја прифатиме вашата земја во ЕУ“, вели актерката која ја отелотвори Меркел во серијата.

Зеленски во серијата го викаат Васил Петрович Холобородко, а радоста од влезот во Унијата е очигледна.

Наскоро доаѓа пресврт. По неговата благодарност, Меркел сфаќа дека повикала погрешен број и му објаснува на Украинецот дека имала намера да им се јави на Црногорците. Сцената завршува со негово одење во далечина и бесни извици.