Урсула Андерс – родена е во 1936 година, нејзиниот татко бил Германец, а нејзината мајка Швајцарка. Течно зборува германски, англиски, италијански и француски, а кариерата ја започна како модел во Рим, за подоцна да глуми во неколку италијански филмови.
Нејзината најпозната улога е Хони Рајдер, првата Бонд девојка, а сцената во бело бикини со појас се памети за сите времиња.
„Тоа беше одличен момент за мене. Мислам дека едноставното бикини направи целосна промена во мојата кариера и ме доведе до голем успех. Се здобив со целосна независност и мојот живот се промени целосно “, рече таа.

Оваа улога и го отвори патот во филмската индустрија и глумеше во продукции како „Забава во Акапулко“, „Казино Ројал“, „Црвено сонце“.
„Откако бев првата Бонд девојка, имав понуда за понуда и можев да ги бирам присутните улоги“, додава таа.
Исто така, Урсула беше фотографирана во 1965 година за списанието Плејбој. Таа беше во брак со актерот и режисер Џон Дерек, но бракот се распадна откако имаше афера со актерот Џан-Пол Белмонд за кого истакна дека „тоа е љубовта на нејзиниот живот“. Медиумите ја доведуваа во врска и со Шон Конери, Марлон Бренд, Хулио Инглесијас, додека пак со актерот Хари Хамлин има син Димитри.
Магазинот „Емпајер“ ја прогласи за една од 100 -те најсекси sвезди во филмската историја, а таа беше избрана за најдобра Бонд девојка од фановите на Џејмс Бонд.
Познато е дека Урсула продаде недвижен имот во Лос Анџелес во 2017 година и купи стан во Рим и куќа во мал град во Швајцарија „со цел да биде поблиску до роднините“.
