Се породи Пери Едвардс: Британската пејачка и познатиот фудбалер станаа родители!

Познатата пејачка на групата „Little Mix“, Пери Едвардс (28), ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм објавувајќи го раѓањето на своето прво бебе.

Таа имаше дете со фудбалерот на Ливерпул и повремениот претставник на Англија, Алекс Окслејд-Чембрлен (28).

Пери и е позната на англиската јавност веќе десет години, откако првпат се појави на натпреварот „Икс фактор“.

Таа се пофали со првите фотографии од бебето на социјалната мрежа, но деталите околу полот и името не се откриени.