Се предаде најбараниот албански дилер на дрога

Еден од најбараните албански дилери на дрога Кљемент Баљиљи, се предаде денеска на полицијата после три години бегство и после десетина неуспешни полициски акции за негово апсење.

Баљиљи, познат по надимакот „балканскиот Пабло Ескобар“, избегнува апсење од мај 2016 година.

Во февруари 2017 година под притисок на западните сојузници, Албанија апсењето на Баљиљи ја стави во приоритетите со оглед дека неговиот „ланец“ на дрога се проширил и низ западните земји и НАТО сојузниците.

Албанскиот премиер Еди Рама истакна дека апсењето на Баљиљи представува „голем чекор во борбата против организираниот криминал“.

 

Извор: ТВ21