СВР Охрид со известување за пренасочување на сообраќајот од Охрид кон Струга до 5 декември годинава.
Како што велат, тоа е поради изведување на градежни работи.
„СВР Охрид ги известува граѓаните дека поради изведување на градежни работи во делот на автопатот Охрид-Кичево, кај клучката Подмоље, во наредните денови до 05.12.2025 ќе се врши пренасочување на сообраќајот и тоа возачите кои ќе се движат од Охрид кон Струга, од Струга кон Скопје и од Скопје кон Струга ќе треба да се движат исклучиво преку клучката кај Св. Еразмо“, велат од таму.