На 09.10.2025 во 12:34 часот во СВР Битола, 62-годишна жена од Битола пријавила дека била измамена од едно лице за сума од околу 27.000 евра.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар во здравствена установа и ја известило дека нејзината ќерка имала сообраќајна незгода и се здобила со тешки повреди и дека треба да плати за да ѝ биде направен операција.
Според пријавеното, таа ги однела парите на договореното место и ги дала на едно лице, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Читај и ова:
- 1.Жена од Кина проголтала осум живи жаби за да ги ублажи болките во грбот, па заврши во болница
- 2.Сончево време со умерен северен ветер низ земјата
- 3.Го празнуваме Светиот маченик Калистрат
- 4.Дневен хороскоп за петок, 10-ти октомври 2025 година!
- 5.Над 5 лица синоќа се тепале во познат скопски ресторан, полицијата соопшти нови детали