Се претставил како продавач на мебел и зел капар – жена останала без 550 евра

На 16.03.2026 во 13:00 часот во СВР Тетово, 47-годишна жена од тетовско, пријави дека била измамена од С.С. од с.Арачиново, скопско, за сума од 550 евра.

Според пријавеното, во текот на февруари 2026 година преку социјална мрежа стапила во контакт со лицето, кое се претставило како претставник на фирма за мебел и се договорила да нарача мебел.

Како што е пријавено, откако се сретнале му ги дала парите како капар, но услугата не била извршена, а тој бил недостапен на телефон.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.