Две лица загинаа, а осум се повредени, потврди за Српски инфо полицијата во Требиње.
Сообраќајна несреќа се случи околу 8 часот наутро на главниот пат меѓу Невесиње и Гачко, и се претпоставува дека поради тешката магла и слабата видливост, автобусот се лизна од патот и се превртел.
Неколку повредени биле префрлени во болница во Невесиње, додека едно лице е тешко повредено и пренесено во болницата во Мостар.