Се продава Југо лимузина, единствена во светот – Цена? Вистинска ситница за вистинските фанови

На Фејсбук профилот Marketplace се појави необичен оглас, објавен од Американец чиј дедо е голем љубител на автомобилите Југо.

Кори Рауч од Пирц, Минесота објасни како неговиот дедо е горд сопственик на уникатната лимузина, која ја изградил со спојување на две југа од 1988 година.

Според неговата приказна, дедото ги купил автомобилите директно од дилер во 1988 година, а како лимар, со своите вештини направил необична југо лимузина, кој на шега ја нарекол „Вего“.

„Дедо ми имаше своја работилница, па слободно можам да кажам дека знаеше што прави кога ги обработуваше. Сега има 82 години и не сака повеќе да се замара со тоа“, објаснува внукот.

Инаку, Југо на американскиот пазар се појави кон крајот на осумдесеттите, но набрзо се здоби со репутација на еден од најевтините и најквалитетните автомобили.

Автомобилот поминал 69.000 километри и со години е во штала, а сега чека нов сопственик. Цена? 4000 долари.