Се продава замокот од „Игра на тронови“ – погледнете како изгледа

Фановите на светски познатата серија веќе не мораат само да фантазираат за тоа да станат дел о нејзе, барем оние малку побогатите. Имено, Госфардовиот замок во Северна Ирска е огласен за продажбаа по почетна цена од 656.452 долари.

Замокот е поевтин од просечна цена на стан на Менхетен, која се движи околу 916.000 долари.

Најголемиот замок во Северна Ирска служеше како замок на фамилијата Тали во серијата „Игра на тронови“. Дел од екстериерот го претставуваше замокот на Риверан.

Замокот, во неоромански стил, е дизајниран од архитектот Томас Хопер. Тој до 1921 година бил во сопственост на грофовите од Госфард.

За време на Втората светска војна, оваа градба служела за сместување на сојузничките трупи и за притвор на затвореници. Последниот сопственик го преуредил замокот во повеќе луксузни станбени единици.

https://youtu.be/CZEZaHqYm5A

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното