Неодамна започна новата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите На Гранд“, каде што и оваа година ќе има многу македонски претставници.
Освен нови кандидати, оваа година ќе се натпреваруваат и стари кандидати кои беа претходната сезона. Меѓу нив се Огнен Здравкоски, Мартинијан Кириловски и Стефан Величковски.
Во првата емисија настапи Огнен кој успеа да се пласира во следниот круг. Во наредните емисии треба да настапат Мартинијан и Стефан.
Стефан на својот Фејсбук сподели фотографија заедно со некогашната „Ѕвезда на Гранд“ и момче на Тања Савиќ, Дарко Филиповиќ.
Дали Стефан побарал совети и се консултирал со Дарко кој по „Ѕвездите на Гранд“ успеа да изгради успешна кариера не знаеме, а како ќе се покаже Стефан во првиот круг останува да видиме.
Како најголема новина се најавува и неговиот нов ангажман во кој тој ќе треба да најде доволно време за да се посвети на новиот моден ангажман во модната агенција „МоделсИн“ каде го очекуваат бројни фото сесии, рекламни спотови и модни едиторијали за престижни брендови.
Модната агенција „МоделсИн“склучи договор со македонскиот пејач Стефан Величковски за да го застапува во светски рамки.
– Соработката со Алек Наумовски и неговата модна агенција „МоделсИн“ дојде сосема случајно. Во изминатите три месеци комплетно го променив својот начин на живот, редовно вежбам со мојот тренер Сергио Спасов и многу внимавам на својата исхрана, па влезот во модниот свет за мене претставува голем предизвик. Се надевам дека добро ќе се снајдам, но и верувам во тимот зошто долги години успешно функционираат, вели Величковски.





