Во измиантите неколку денови високи владини претставници потврдија дека е постигнат договор помеѓу Македонија и Германија за возачките дозволи, па така сите Македонци со македонска возачка дозвола, може да возат во Германија.
На социјалните мрежи, на Фејсбук страната „Македонци во Германија“ беше објавена и фотографија од првата возачка дозвола која е признаена во Германија.
Декларацијата за признавање на возачките дозволи требаше да биде потпишана уште во февруари годинава за време на посетата на македонскиот премиер Зоран Заев на Берлин. Но, тоа не се случи поради технички проблеми во преговорите.
Главниот проблем беше што во Македонија се бара лекарско уверение при полагање за возачка дозвола, и истото правило требаше да важи и при преведувањето на германските дозволи – нешто што за германската страна беше неприфатливо.
Единствен услов за македонските граѓани е да имаат законски престој на германска територија најмалку 185 дена во годината.
Пред да патувате, проверете за каде ви е потребна меѓународна возачка дозвола
Шпанија, Италија, Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Австрија, а сега и во Германија
Со овие држави моментално Македонија има потпишано договори за заедничко признавање на возачките дозволи, велат од МВР.
Согласно Конвенцијата за патен сообраќај од 1968-та, е предвидено признавање на дозволите со уште неколку други држави. Од Министерството за внатрешни работи додаваат дека се чека и потпишување на договор со Косово.
„Лицата кои имаат или ќе регулираат престој во земјите со кои имаме потпишано заедничко признавање на возачки дозволи, може да ја заменат македонската возачка дозвола.
Сите останати граѓани кои ќе патуваат транзит или ќе престојуваат максимум шест месеци, ќе може да ја користат македонската возачка дозвола“, се вели во известувањето од МВР.
Македонски иселеници пред повеќе од една година покренаа и он-лајн петиција за признавање на возачката во Германија.. Се собраа над 40 илјади потписи..
Инаку од МВР велат дека во тек е постапка за потпишување договор со Словенија за признавање на возачките.