Веста предизвика аларм: кинеските научници открија нови својства на коронавирусот кај лилјаците. Тоа е вирусот HKU5-CoV-2 кој може да зарази луѓе.
Брзо се разбудија сеќавањата на почетокот на пандемијата на корона, која започна пред точно пет години од Вухан, Кина. Во новата студија, авторката Ши Женгли, позната како „Batwoman“, и нејзиниот тим предупредуваат на HKU5-CoV-2 и неговиот „висок ризик од пренесување на луѓето, или преку директен пренос или преку посредни домаќини“. Студијата е објавена во реномираниот магазин Cell, пренесува Вечерњи лист.
HKU5-CoV-2 е коронавирус од групата на мербековируси, која го вклучува и вирусот МЕРС. Студијата вели: „Мербековирусите на лилјаците, кои се филогенетски поврзани со MERS-CoV, претставуваат висок ризик за пренесување на луѓето, било со директен пренос или со посредни домаќини“.
„Вирусот HKU5-CoV-2 не е нов или новооткриен; знаеме за неговото постоење од 2006 година. Но сега е докажано дека вирусот се променил и може да препознае човечки структури со своите површински молекули“, коментира вирологот Тимо Улрихс за германскиот портал Focus.de. Има стотици коронавируси, но само неколку можат да заразат луѓе, вклучувајќи ги Сарс, Сарс-КоВ-2 (вирусот што предизвикува ковид-19) и Мерс (респираторен синдром на Блискиот Исток). Вирусот HKU5-CoV-2 го користи ACE2 рецепторот за инфицирање на организми – исто како Sars-CoV-2. Благодарение на местото на врзување на ACE2, тој има поголем потенцијал да зарази луѓе од другите коронавируси бидејќи наликува на Sars-CoV-2 и NL63 (вирусот на обична настинка). HKU5-CoV-2 можеше да зарази култури на човечки клетки во модели на мини органи што ги користеа научниците.
Самата студија, според Ројтерс, откри дека вирусот има значително помал сврзувачки афинитет за човечкиот ACE2 од Sars-CoV-2 и дека „ризикот од појава кај човечката популација не треба да се преувеличува“.
Мајкл Остерхолм, експерт за заразни болести на Универзитетот во Минесота, исто така, го опиша стравот од пандемија како „претеран“. Има високо ниво на имунитет на населението против слични вируси Сарс во споредба со 2020 година, што може да го намали ризикот од пандемија, рече епидемиологот.