Балкан

Се судрија автобус и камион во Србија: Има загинати, повеќе од 10 лица повредени

Се судрија автобус и камион во Србија: Има загинати, повеќе од 10 лица повредени

Околу 7 часот и 50 минути на патот меѓу Умка и Остружница кај Белград се судриле камион и автобус, потврдија од полицијата за Н1 Србија. Според неофицијални информации, најмалку едно лице загинало во несреќата, а меѓу 10 и 15 се повредени.

Како што е потврдено за N1 Србија во Итната помош, интервенирале пет екипи. Од Итната помош велат дека има многу повредени, но не можат да прецизираат колку.

Според неофицијални информации, шест лица се пренесени во болница.

Сообраќајот во тој реон е целосно запрен.

Според неофицијални информации, има повеќе загинати, јавува репортерот на РТС.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни