Се трага по 26-годишен кумановец!

Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека се уште не е пронајден 26-годишниот кумановец којшто беше пријавен за исчезнат.

„ На 13 април, годинава во 14:00 часот во полицијата, педесет и петгодишниот Н.М.(55) од Куманово пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син С.М.(26), кој имал здравствени проблеми“, соопшти полицијата.

СВР Куманово презема мерки за пронаоѓање на лицето.