Од Основното јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи информираа дека координирано се преземаат дејствија за обезбедување докази во истрагата за трагичниот пожар во Кочани.
Според информациите, тие денеска вршеле претрес во канцелариите на Државниот пазарен инспекторат во Кочани и Виница. Сличен претрес е направен и во Виница, со оглед што од таму се поранешниот и актуелниот раководител во Одделението за инспекциски надзор во Штип, кое е надлежно за градовите во Источниот регион.
Од друга страна пак општинските инспекциски служби вршат активности за контрола на работата на угостителските и други објекти во Кочани, главно во Трговскиот центар каде што се наоѓа другиот, угостителски објект на сопственикот на дискотеката „Пулс“.
Извршени претреси на пет локации во Кочани и во Скопје, при кои се одземени дополнителни електронски уреди и други докази за кои се издадени наредби за вештачење.