Во Санкт Петербург се одвива вистинска драма, откако се урна таван од еден Универзитет, а првите информации се дека 21 лице се наоѓаат под урнатините.
Во Универзитетот на улицата „Ломоносова“, дојде до уривање од засега непознати причини во четирикатната зграда на Националниот истражувачки универзитет за информатичка технологија, механика и оптика, соопштија од Министерството за вонредни ситуации на Русија.
Се претпоставува дека причината е непочитување на стандардите при неговиот ремонт неодамна.