Се уште без плата се вработените во ЈП „Паркови и зеленило“: Се најавува радикализација на протестот!

Незадоволни од доцнењето на платите за септември, утрово од 7 до 9 часот вработените во ЈП „Паркови и зеленило“ и неговите две фирми-ќерки, „Флораком“ и „Луна“, го блокираа влезот во претпријатието.

Работниците велат дека и покрај повеќекратните ветувања, парите сѐ уште не се префрлени на нивните сметки, а директорот на претпријатието е недостапен и не дава никакви информации.

Доколку состојбата не се реши во најскоро време, тие најавуваат радикализација на протестот, со можни блокади на сообраќајници низ главниот град.