Македонија

Се враќа нормалата во Гостивар: Прекината епидемијата поврзана со водата за пиење

Се враќа нормалата во Гостивар: Прекината епидемијата поврзана со водата за пиење

По периодот на здравствена неизвесност предизвикан од појавата на стомачни заболувања, состојбата во Гостивар се смирува. Надлежните здравствени служби утврдиле дека нема нови случаи поврзани со водата за пиење, поради што е донесена одлука за прекинување на епидемијата.

Министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека Центарот за јавно здравје Тетово ја прекинал епидемијата, откако последните епидемиолошки податоци покажале дека состојбата е стабилизирана.

Во моментов нема регистрирани нови случаи на гастроентеритис или ентероколитис, односно заболувања со стомачни симптоми кои претходно беа поврзувани со водата за пиење во градот.

Клековски се осврна и на состојбата во гостиварската болница, каде што во периодот на зголемен број пациенти имало краткотрајни задржувања.

„Во гостиварската болница немаше хоспитализирани пациенти во вистинска смисла на зборот, туку стануваше збор за краткотрајни, 24-часовни задржувања“, изјави Клековски.

Со прекинувањето на епидемијата, надлежните институции оценуваат дека состојбата во Гостивар е стабилизирана и дека нема нови индикации за ширење на заболувањата поврзани со водата за пиење.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни