Балкан

Се запали гаража во Загреб, сопственикот им рекол на пожарникарите дека има експлозив

Се запали гаража во Загреб, сопственикот им рекол на пожарникарите дека има експлозив

Денеска околу 13:00 часот во населбата Ференшчица во Загреб избувнал пожар во гаража, а чадот се гледал од далеку.

Како што рекоа пожарникарите, гаражата се наоѓа веднаш до трикатницата и во неа имало многу боја и лак.

Сопственикот на гаражата им рекол на пожарникарите дека во неа има експлозив и дека се лади од безбедно растојание, пренесува Дневник.

На теренот имало 13 пожарникари, а пожарот набрзо бил изгаснат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни