Денес, 15.10.2025 година, во 17:50 часот, ТППЕ Струмица интервенираше со две противпожарни возила и шест пожарникари-спасители поради пожар во кујната на угостителски објект.
Пожарот беше навремено изгаснат, а благодарение на брзата реакција е спречено ширење на огнот по целиот објект и предизвикување поголема материјална штета.
Во случај на пожар или друга природна непогода, јавете се на 112 или 193.