Најмалку пет лица загинаа утринава, а 30 се повредени во судирот на воз и автобус на железнички премин во Доње Меѓурово кај Ниш во Србија.
Во несреќата загинало едно дете , а деца има и меѓу тешко повредените. Според српските медиуми железничкиот премин , каде минувал автобусот , бил незаштитен.
На местото на несреќата се екипи на брза помош, пожарникари и полицајци.