Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастене вчера соопшти дека е загинато уште едно лице во протестите на „Жолтите елеци“. Бројката на загинати е зголемена на 8.
Како што објаснува АП, блокирани се одредени кружни текови поради протестот што започна во средината на ноември од страна на демонстрантите и се очекува во најбрзо време да бидат одблокирани.