Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата, по барање на ЕВН Хоум.
Според изјавата на Бислимовски на прес-конференцијата, цената на електричната енергија за првиот блок се зголемува за 2,45%, за вториот блок за 2,87%, за третиот за 3,33%, а за четвртиот блок за 3,84%. За евтината тарифа РКЕ одлучи зголемување од 2,50%.
Како што посочи Бислимовски, ЕВН Хоум барал повисоко зголемување од околу 8-9%, но Комисијата ја утврди цената која беше објавена.
Доколку се укине надоместокот од 200 денари за мрежарина, цената ќе порасне на 2,6 денари, што би довело до значително поголемо зголемување на блоковите, вклучително и 13% за евтината тарифа. РКЕ сепак смета дека нема потреба од укинување на надоместокот.
За домаќинствата, тоа значи дека сметката за потрошувачка само во првиот блок ќе се зголеми за околу 57 денари, за првиот и вториот блок за 70 денари, а за потрошувачка во прв, втор и трет блок, месечната сметка ќе се зголеми за 370 денари, што се однесува на околу 14.000 домаќинства.
