Дали знаете дека начинот на кој седите е многу важен, и тоа во голема мера може да влијае на вашето тело?
Сите експерти ќе се согласат дека сепак не е добро многу да седите во текот на денот, односно претераното седење може да предизвика вкочанетост во мускулите, згрбавеност, лошо расположение, а секако може и да влијае на животниот век.
Еден новинар по име Дан Батнер истражувал и се занимавал со најдолговечните луѓе на светот, па во таа насока и ја интервјуирал најстарата жена на светот.
„Лично се уверив како седи на подот. Два дена минав со таа 103-годишна жена, и стануваше и седеше на под меѓу 30-40 пати, и тоа е меѓу 30-40 клечења дневно“, вели новинарот.
Но дали знаете зошто седењето на под е подобро? Всушност, кога седите на подот го терате телото да работи повеќе, а на тој начин ја зголемувате флексибилноста на мускулите, односно седењето на под не е воопшто удобно, па од таму често ќе станувате.
Во текот на станувањето ќе го ангажирате средниот дел на трупот, и ќе ја подобрите рамнотежата.