Почина уште едно лице по тешката несреќа која се случи пред десетина дена на железички премин во близина на Ниш.
По неколку дневна борба на лекарскиот тим на интензивна нега, состојбата на В.Џ (65) се влошила по што починала.
Како што велат од болницата, пациентот бил со неколку скршеници на карличната коска и ребра.
Несреќата се случи на 21. декември, а на лице место загинаа пет лица.