По активната блокада на Собранието, денеска Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи седница на која ќе се отвори и дискусија за вториот и третиот чекор на партијата.
Ова го најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред неколку дена при посета на општина Кисела Вода.
Според него, блокадата на Собранието не било инстант акција.
„Ова е стратегија која што ќе трае, јас не очекувам дека туку така ќе ја напуштат луѓето фотелјата која што ја држат. Бидејќи тие знаат дека никогаш повеќе во животот ќе немаат таква можност. И грчевито се борат небаре ова е последниот ден за сите нив. А, гледаат дека само народот е тој што губи, и ќе ја испорача народот сметката“, рече Мицкоски.