Информацијата дека снимањето на серијата „Тајните на лозата“ е прекинато на 19 септември бидејќи актерката Слобода Мичаловиќ е позитивна на коронавирусот, ги вознемири сите нејзини обожаватели.
Актерката не се огласи по тој повод, но извори блиски до неа велат дека морала да одложи две деловни обврски и дека поминала време во карантин.
Иако за медиумите не сакаше да коментира како се чувствува и каква е нејзината здравствена состојба, во текот на денот што го поминува во изолација, објави фотографии, а последниот пост што го објави на својот профил несомнено вели дека ја победила короната и се вратила на деловните обврски.

